Кутињо го држи клучот, Барса ја подготвува победничката формула за совршена зима!

Фудбалскиот клуб Барселона ќе се обиде на секој начин да се засили во јануари, а како прва опција е избран Феран Торес. Веќе е познато дека играчот ги договорил сите услови со Каталонците, а денеска се појавија нови информации и можности за реализација на трансферот.

Каталонските медиуми посочуваат дека Торес лично му се заблагодарил на Пеп Гвардиола што го донел во Манчестер Сити, но дека многу добро знае дека понудата на Барселона не се одбива и тренерот му рекол дека нема да му застане на патот доколку клубовите се договорат. Торес е луд по преселба во Барса и сака да ја врати на патеките на старата слава. Неговото доаѓање може да значи и помирување на Барса со заминувањето на Осман Дембеле кој е во последната година од договорот.

Сега останува тој тежок дел од работата, Барса да се договори со Сити, кој наводно бара дури 50 милиони евра. Торес пред една година пристигна од Валенсија за 25 милиони евра, а Сити бара двојно повеќе за да си замине. Барселона ги нема тие пари, но бара формула на рати да дојде до цифра која им одговара на сите.

Клучот го држи Филипе Кутињо, играчот со најголеми примања во Барселона, а клубот по секоја цена ќе се обиде да го продаде за зима. Проблемот е што никој не го сака Филипе, особено поради неговата плата од 18 милиони евра. Барса може да ги обезбеди парите и да да го регистрира Торес само ако го олесни буџетот за плата, па евентуалната продажба на Кутињо и заминувањето на Умтити ќе ги доближи до реализирање на мисијата за донесување на Торес.

Иако Торес ги договори сите детали и му порача на Сити дека сака да игра само за Барса, патот до трансферот ќе биде тежок, па во наредните недели не очекува уште една трансфер-сапуница.

Се вчитува...