Кутињо кажа ДА: Бразилецот оди кај тренер што му беше соиграч

Филипе Кутињо е подготвен да си замине од Барселона и да се врати назад во Премиер-лигата, каде со голем успех го носеше дресот на Ливерпул. Бразилецот имаше на маса понуди од Арсенал и од Тотенхем, но според последните информации негова следна дестинација ќе биде Астон Вила, откако премиерлигашот од Бирмингем ги договорил условите со одличниот плејмејкер.

Клучен фактор во преговорите беше Стивен Џерард, поранешниот соиграч на Кутињо од Ливерпул кој од неодамна е менаџер на клубот од „Вила Парк“. Тој лично разговарал со бразилскиот репрезентативец, ветувајќи му загарантиран првотимски статус на „Вила Парк“, по што Кутињо се согласил на преселба во овој клуб.

Останува само уште да се средат детали од договорот со Барселона. Каталонците се согласиле на позајмица на шест месеци, но инсистираат во договорот да има клаузула за задолжителен откуп, со што и дефинитивно ќе се откачат од промашеното засилување од над 100 милиони евра.

Се вчитува...