Кутињо оди на позајмица во Арсенал

Бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо ќе замине на позајмица во Арсенал, пренесува „Л’Екип“. Иако Унаи Емери демантираше дека по мечот со Барселона тој разговарал со раководството на клубот околу Кутињо, сепак Бразилецот веќе е подготвен да замине во Лондон.

Кутињо има договор со каталонците до 2023, но не ги оправда очекувањата минатата сезона и договорено е да замине на позајмица во Арсенал.

Бразилецот го напушти Ливерпул надевајќи се дека со Барселона ќе ја освои Лигата на шампионите, но откако тој замина „црвените“ го освоија трофејот во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...