Кутроне потпиша нов договор, во Милан до 2023 година

Патрик Кутроне уште долго ќе остане член на Милан, откако младиот напаѓач потпиша нов долгогодишен договор со „росонерите“. Актуелниот договор на Кутроне истекуваше во 2021 година, но неговите одлични игри во ланската и на стартот од оваа сезона беа причина раководството на Милан да го награди со нов договор, со важност од дополнителни две години, но и значително зголемување на платата.

Според новиот договор, Кутроне ќе заработува еден милион евра по сезона, плус бонуси за бројот на настапи и постигнати погодоци. Во овој договор нема клаузула за автоматски раскин“ – објавија италијанските медиуми.

Патрик Кутроне лани ја искористи слабата форма на Андре Силва и се наметна и како стартен напаѓач во таборот на „росонерите“. Тој на стартот од сезонава најчесто му беше резерва на Гонзало Игуаин, но во таборот на Милан на младиот голгетер сметаат како на „бисер за иднината“, поради што не сакаат ни да помислат на негова продажба во периодот што следи.

Се вчитува...