Кузманоски станува тренер на Прилеп

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Кузманоски по заминувањето од Пелистер се реши да сврти нов лист, па да почне тренерска кариера како предводник на екипата на Прилеп. За услугите на Кузманоски се интересираа неколку клубови, но тој се реши да ја прифати понудата на тимот од родниот град, за токму тука да ги направи првите тренерски чекори.

Прилепчани обезбедија влез во елтиното друштво и најавуваат многу посериозен ракометен проект од оние во последните неколку години. Доаѓањето на Кузманоски е позитивен сигнал, а сега на поранешниот ракометар на Пелистер, Вардар и Металург е да доведе и неколку квалитетни засилувања на играчки план.

Не се исклучува ниту можноста тој да биде тренер-играч во првата сезона, со оглед на фактот дека одличниот бек со своето искуство се уште може да игра на високо ниво во домашната Супер-лига.

Се вчитува...