Кузмановски: Добивме многу со доаѓањето на Алушовски за тренер

Ракометарите на Работник со извонредна игра заслужено стигнаа до првата победа во ЕХФ-купот, совладувајќи го лидерот во групата Нексе. За разлика од првиот домашен меч со Татабања, овојпат битолчани одиграа максимално ангажирано, исполнувајќи ги задачите дадени од тренерот Алушовски и на крајот заслужено радувајќи се на триумфот.

„Нексе е одличен тим, но добрата анализа и тактичка подготвност вроди со плод, знаевме како да одговориме на сите нивни налети. Голема благодарност до пбликата, битолчани беа наш осми играч и ни помогнаа да стигнеме до победата. Нашата екипа доби многу со доаѓањето на Алушовски за тренер, затоа сите ракометари вечерва го оставивме срцето на терен – за историски триумф. Оваа победа нека биде само почеток на големиот успех на Работник сезонава“ – истакна Филип Кузмановски, кој постигна четири погодоци при вечерашниот триумф.

Битолскиот тим во следното коло повторно ќе игра на домашен терен, овојпат против Хановер, во обид да стигне и до втората победа во групната фаза од ЕХФ-купот.

Се вчитува...