Кузмановски го победи Лазаров во ЕХФ купот

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров имаше подобар личен ефект, но победата отиде кај тимот на помалдиот колега од нацоналниот тим, Филип Кузмановски. Магдебург славеше на гостувањето кај Нант со 28-31 во третото коло од групната фаза во ЕХА купот. Лазаров постигна шест гола, пет од нив во вториот полуреме во кое Нант одигра и многу подобро со оглед дека во воедните 30 минути постигна само девет гола.

Германскиот тим беше убедлив на паузата со 15-9, но Нант внесе голема неизвесност со драстично посигурното изднаие во вториот дел. Сепак последните минути од средбата му припаднаа на Магдебург кој останува непоразен по трите одиграни кола. Кузмановски средбата ја заврши со три гола. За Нант ова беше прв пораз во групниот сегмент. Веќе во следното коло, нареднот викенд, Нант и Магдебург ќе го одиграат возвратниот натпревар во Германија.

Се вчитува...