Титулата во македонскиот ракометен шампионат останува во рацете на Е. Пелистер откако битолчани успеаја да слават во пеколната атмосфера во Скопје против Вардар во натпреварот „да се биде или не“.
Задоволството од освоената титула не го криеше капитенот Филип Кузмановски кој изјави дека за него ова е најомилената титула која ќе се слави со денови во Битола.
„Верувам во екипата. Од почеток до крај изгледавме како тим и заедно успеавме на крајот да се радуваме. За мене лично ова е најголемата титула, најголемата за Пелистер, за мојот матичен клуб, за Битола и за нашите навивачи. Од почетокот на сезоната имавме турболенции, но имаше договор дека оваа шампионска титула ќе биде шлаг на тортата. Поминавме многу заедно и навистина сум горд на момците. Денеска Македонија е „зелено-бела“ ќе славиме три дена“, изјави капитенот Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА