На силна осуда наиде начинот на кој капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски ја прослави титулата со Е. Пелистер по вчерашната победа над Вардар среде Скопје, па денеска се извини на сите искрени навивачи на Вардар но и на целокупната домашна спортска јавност.
Кузмановски нагласува дека сето тоа, помалку несвесно, било во моменти на радост и силни емоции, и не сака таа негова невнимателност да биде погрешно разбрана…
„По денешните реакции во јавноста, би сакал да кажам неколку зборови. Во моменти на радост, емоции, еуфорија, прославувајќи заедно со нашите навивачи и пеејќи ги песните, несвесен за зборовите, направив грешка. Грешка која не сакам да се сфати како намерна ниту потценувачка кон некого. Свесен сум за мојата одговорност како капитен на македонската репрезентација на и надвор од теренот. Би сакал да се извинам на целата македонска јавност доколку сум бил погрешно сфатен. Ве молам сфатете дека прослава на титула на теренот на најголемиот ривал е огромна работа и не сакам оваа моја мала невнимателност да донесе негативен контекст на целото славје. Да живее Битола, да живее Македонија“ – се огласи Кузмановски.
„Пелистерци“ по победата над Вардар дојдоа до својата третата едноподруго титула во Суперлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА