Кузмановски славеше во дуелот со Пешевски

Филип Кузмановски со Магдебург триумфираше во новата „македонска пресметка“ во Бундес-лигата, во која за ривал го имаше Жарко Пешевски со Штутгарт. Гостите од Штутгарт по првото полувреме имаа водство од 13-14, но Магдебург во второто полувреме направи целосен пресврт и заслужено стигна до победата.

Кузмановски повторно немаше преголема минутажа и постигна еден гол, додека на спротивната страна Пешевски беше стрелец на три гола за Штутгарт, од пет обиди кон противничкиот гол.

Филип Миркуловски со Вецлар загуби на домашен терен од Кил со 26-30. Македонскиот интернационалец не успеа да се запише меѓу стрелците на овој меч, промашувајќи го единствениот шут кон голот на противникот.

Мартин Томовски имаше осум успешни интервенции на голот на Лудвигсхафен, при поразот на неговиот тим од 29-26 на гостувањето против Фленсбург.

Се вчитува...