Кузмановски: Желбите за полуфинале направија многу голем притисок

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

После трите одлични игри во Загреб, дојде Македонија во Вараждин и доживеа комплетен шок. Убедлив пораз (20-31) од Шпанија, и сериозна повреда на капитенот Кире Лазаров, кој најверојатно е загубен до крајот на шампионатот. Избраниците на Раул Гонзелес овојпат не беа во потребниот елемент, а тоа го потврдува и младиот Филип Кузмановски.

„Заслужен пораз, уште од самиот старт направивме многу технички грешки, делувавме некако загубено, а Шпанија тоа знаеше да го искористи. Можеби и желбите за полуфинале, кај нас во репрезентацијата, но и кај сите Македонци, направија многу голем притисок. Потоа се случи и пехот со повредата на капитенот Кире Лазаров и мечот беше загубен. На полувремето се договоривме да одиграме до крај, да го добиеме барем вториот дел, но Шпанија беше многу подобра во текот на овој меч. Сега треба да се „оладиме“, да се одмориме, а потоа ќе размислуваме за Чешка“, изјави Филип Кузмановски.

Се вчитува...