Кузмановски: Живеевме за овој ден, покажавме како треба да играме со срце

Македонската ракометна репрезентација направи мини чудо, и после поразот од седум разлика на гости кај Фарски Острови, на домашен терен во Скопје го „изгоре“ противникот и го совлада со осум разлика, со што обезбеди пласман на Мундијалот.

Филип Кузмановски беше еден од творците на победата на Македонија, со седум постигнати голови. Тој после мечот кажа дека е среќен што Македонија повтори историја.

„Едно посакувам, цела Македонија да биде на моето место да види колку сум среќен, што ја направивме Македонија среќна. Ракометот е спорт број 1 во Македонија, и живеевме за овој ден, навистина имавме тежок противник, но повторивме една историја. Ќе се зборува ова за нас, и треба да продолжиме понатаму. Покажавме како треба да играме со срце 60 минути, како треба да се бориме. Го заборавивме првиот меч во Фарски Острови, добро се одморивме, добро анализиравме. Публиката беше наш осми играч. Среќен сум за сите играчи, за стручниот штаб, за цела Македонија. Ќе славиме, но немаме многу време, затоа што следуваат клупски обврски“, рече Кузмановски.

Се вчитува...