Квадрадо го продолжи договорот со Јувентус

Колумбискиот интернационалец Хуан Квадрадо, останува верен на италијанскиот калчолигаш Јувентус.

Квадрадо стави потпис на нов договор со важност до 2023 година. Квадрадо во Торино стигна во 2015 година на двогодишна позајмица од редовите на премиер-лигашот Челси. По истекот на позајмицата тој и официјално се пресели во редовите на „старата дама“.

Во овој период Колумбиецот за Јувентус запиша 189 натпревари, на кои постигна 18 гола.

 

Се вчитува...