Квадрадо како Артим Шаќири: Уште еден гол директно од корнер во Серија „А“ (ВИДЕО)

Синоќа Чалханоглу, вечерва Квадрадо. Уште еден гол директно од корнер падна во Серија „А“. Фудбалерот на Јувентус во 9. минута од средбата со Џенова, постигна гол дирекно од ударот од аголот.

Колумбиецот во стилот на Артим Шаќири, стрелаше во спротивниот агол, а топката од стативата се одби во мрежата на Сиригу. Лош старт за екипата ан Горан Пандев кој е на клупата за резерви вечерва во Торино.

Голот на Квадрадо на следниот ЛИНК.

Се вчитува...