КВАЛИФИКАЦИИ СП: Англија ја декласираше Албанија и се „чекираше“ за СП, Жоржињо трагичар за Италија (ВИДЕО)

Англија е третата европска селекција по Германија и Данска која обезбеди пласман на Светското првенство 2022 година во Катар. Гордиот албион во голем стил го запечати местото во Катар откако на домашен терен ја совлада Албанија со убедливи 5-0. Хет-трик на Хари Кејн и по еднаш Хари Мегваер и Рахим Стерлинг беа доволни за убедлив триумф на Англичаните.

Италија и Швајцарија одиграа без победник во Рим 1-1. Гостите поведоа со „евроголот“ на Видмер, додека конечните 1-1 ги постави Ди Лоренцо. Домаќините можеа да дојдат до победа, но Жоржињо во 90. минута не реализираше пенал.

Овие две репрезентации имаат исто бодови, а во последното коло поради подобриот меѓусебен дуел Швајцарија влегува со предност и доколку слави против Бугарија ќе се пласира директно на Мундијалот, за разлика од Италија која ќе мора преку баражот да се чекира во Катар.

РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ СП 2022: 

Андора – Полска 1-4

Австрија – Израел 4-2

Данска – Ф. Острови 3-1

Англија – Албанија 5-0

Италија – Швајцарија 1-1

Унгарија – Сан Марино  4-0

С. Ирска – Литванија 1-0

Се вчитува...