КВАЛИФИКАЦИИ СП: Австрија ја изненади Полска, останатите фаворити лесно до виза за Мундијалот

Женската ракометна репрезентација на Австрија по пауза од 12 години повторно ќе игра на Светските првенства, откако во баражот ја изненади Полска совладувајќи ја на гостински терен со 26-29 што беше доволно за пласман на Мундијалот по ремито во првиот меч во Австрија. Фреј со десет гола беше виновник за сензацијата на Австрија, а одлична беше и Ковач со шест гола.

Црна Гора триумфираше и на реваншот со Белорусија овој пат на гостински терен со 24-26, а победи остварија и Германија над Португалија 34-23, Русија над Турција 45-24 и Чешка  над Швајцарија 28-22.

 

Се вчитува...