„Л’Екип“ прашува: Само Французите ли се идиоти?! Цела Европа продолжи да игра фудбал

Угледниот француски спортски дневник „Л’Екип“ со драматична насловна страница ја критикуваше одлуката на Фудбалската федерација на Франција да прогласи предвремен прекин на првенството во Лига 1.

„Само ние ли сме идиоти? Сите играат, а ние само гледаме“, прашува „Л’Екип“.

Министерството за спорт на Франција објави дека спортистите можат да им се вратат на тренинзите и да работат како и пред пандемијата на коронавирусот. Поради предвремениот прекин на шампионатот и прогласувањето на ПСЖ за шампион, клубовите ќе загубат повеќе од 250 милиони евра од ТВ права, а сите побараа и државна помош за справување со тешката финансиска состојба.

 

Се вчитува...