Ла Лејкерс триумфално во Денвер – Познати плеј-оф двојките во НБА

Денвер остана на шестата позиција, откако загуби од Лејкерс со 141-146. Мелоун одлучи да ги одмори стартерите меѓу кои беше и Никола Јокиќ, но и Лејкерси на терен беа без своите ѕвезди.

Со 41 поен, Малик Монк запиша нов рекорд во својата кариера, па со помошта на трипл-даблот на Остин Ривс беше донесена минимална победа за тимот од Лос Анџелес, последна за тренерот на Лејкерс.

Имено, по низата лоши резултати се прошири веста дека Лејкерси ќе го отпуштат Френк Фогел по две очајни сезони. Денвер, пак, остана шести, но и да победеше немаше да има напредок, бидејќи Јута лесно го доби слабиот Портланд. Со други зборови, Јокиќ во првото коло ќе оди кај Кари и Вориорс, додека петтопласираната Јута ќе игра со четвртиот Денвер.

Поголемиот дел од натпреварите немаа никакво значење, па околу полноќ се обелоденија и дел од плеј-оф двојките.

Двојки за плеј-оф:

12 април: Бруклин – Кливленд (1)

12 април: Минесота – ЛА Клиперс (2)

13 април: Атланта – Шарлот (3)

13 април: Њу Орлеанс – Сан Антонио (4)

15 април: победник 1 – победник 3

15 април: победник 2 – победник 4

РЕЗУЛТАТИ:

Мемфис – Бостон 110: 139

Њујорк – Торонто 105: 94

Орландо – Мајами 125: 111

Филаделфија – Детроит 118:106

Минесота – Чикаго 120: 124

Далас – Сан Антонио 130:120

Денвер – ЛА Лејкерс 141:146

ЛА Клиперс – Оклахома 138:88

Њу Орлеанс – Голден Стејт 107:128

Феникс – Сакраменто 109:116

Портланд – Јута 80: 111

Бруклин Индијана 134: 126

Шарлот – Вашингтон 124: 108

Кливленд – Милвоки 133:115

Хјустон – Атланта 114: 130

Се вчитува...