„Ладнокрвниот“ Леонард го уништи Далас, патникот во полуфиналето ќе се знае по седмиот натпревар во Лос Анџелес

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го совладаа Далас Маверикс со 104-97 на гости, па патникот во полуфиналето на Западната конференција ќе биде познат по седмиот натпревар во Лос Анџелес. „Луда ноќ“ имаше Кави Леонард кој погоди скоро сè на овој натпревар и целосно ги уништи Маверикс.

Далас добро влезе во мечот. Во поголемиот дел од првото полувреме, домашните кошаркари имаа предност која се искачи на плус девет. Сепак, тогаш „моторите“ ги вклучи Кави Леонард кој ги уништи Маверикс успевајќи да поентира од сите позиции, па едноставно беше незапирлив.

Во клучните моменти од играта, неверојатниот кошаркар на Клиперс погоди неверојатни удари и на крајот беше без конкуренција најзаслужен што тимот од Лос Анџелес ќе има шанса да се пласира во полуфиналето на Западната конференција на нивни димашен паркет. Секако е интересно што ова е прва серија во историјата на НБА лигата во која, по шест натпревари, тимовите победија само на гостински терен.

Кави Леонард мечот го заврши со 45 поени (18/25) и додаде шест скока, а се истакна Реџи Џексон со 25 поени. Од друга страна, Лука Дончиќ постигна 29 поени, имаше 11 асистенции и осум скока, а Тим Хардавеј додаде 23.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...