Љафтов: Разочаран сум од нашата игра

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Македонските одбојкари загубија од Турција со максимални 3-0 во второто коло од Европското првенство, а Александар Љафтов е видно разочаран од играта.

„Првите два сета игравме рамномерно, особено во вториот кога бевме блиску да го освоиме. Потоа следуваше наше разочарување и не сакам да ја коментирам играта во третиот сет“, изјави Љафтов.

Тој говореше и за еден од првите фаворити на шампионатот, Русија која е наш следен противник.

„Да играш одбојка против Русија, е како да играш фудбал против Бразил. Турција им зема еден сет, а ние игравме израмнет меч со Турците. Па ќе дадеме се од себе“, заврши Љафтов. 

По мечот со Русија, нашите одбојкари имаат ден пауза, по кој ќе се сретнат со репрезентацијата на Белорусија.

Се вчитува...