Лајпциг ги совлада Чурлинов и Штутгарт и остана со теоретски шанси за титула во Бундеслигата (ВИДЕО)

Ред Бул Лајпциг триумфираше на домашен терен против Штутгарт со 2-0 и остана со теоретски шанси за освојување на титуалта во германската Бундеслига. Ахамада уште во 14. минута ги остави на цедило своите соиграчи откако доби директен црвен картон.

Домаќините бројчаната предност ја материјализираа во 46. минута кога Хајдара донесе водство од 1-0. Конечните 2-0 ги постави Форсберг во 67. минута. Младиот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов доби шанса во 88. минута.

 

 

Се вчитува...