Лајпциг го искористи „киксот“ на Баерн – Рутинска победа против Херта Берлин (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лајпциг озбилно му се закануваат на Баерн Минхен во Бундеслигата, откако триумфираа на гостувањето кај Херта Берлин со 0-3 во натпревар од 22. коло. Сабицер во 28., Мукиеле во 71. и Орбан во 84. беа творци на новата победа на Лајпциг во германскиот шампионат.

Лајпциг е втор со 47 бода и само два помалку од лидерот Баерн Минхен, додека Херта Берлин останува 15. и до крајот ќе ја очекува тешка борба за опстанок во Бундеслигата.

 

 

 

 

Се вчитува...