Лајпциг го потпиша наследникот на Упамекано

Лајпциг експресно договори доаѓање на нов дефанзивец кој од следната сезона ќе го наследи Дајот Упамекано во одбранбената линија на оваа екипа, по трансферот на францускиот одбранбен фудбалер во Баерн Минхен што веќе беше официјализиран од баварскиот гигант.

Како опции се споменуваа неколку фудбалери, но на крајот изборот падна на Мохамед Сикаман, 20-годишниот Французин кој денеска потпиша петгодишен договор со Лајпциг за сума од 18 милиони евра. Станува збор за исклучително талентиран играч кој минатиот преоден рок беше блиску до преселба од Стразбур во Милан, но трансферот пропадна откако Сикаман заработи незгодна повреда на коленото.

„Росонерите“ не сакаа да ризикуваат, но Лајпциг експресно реагираше и го договори трансферот од 1 јули.

„Го избрав Лајпциг бидејќи верувам дека овој клуб е најдобар за да продолжам да се развивам како играч. Едвај чекам да почнам со работа, што побрзо да се адаптирам во новата средина и да помогнам тимот да ги оствари високите цели што ги поставува пред себе секоја сезона“, изјави Сикаман.

Се вчитува...