Лајпциг го прегази Баерн Минхен за трофејот во Суперкупот на Германија

Лајпциг е сензационалниот освојувач на Суперкупот на Германија откако во големото финале славеше против фаворизираниот Баерн Минхен со убедливи 3-0.

Херој на Лајпциг беше поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Дани Олмо кој постигна хет-трик стрелајќи во 3., 44. и 68. минута од натпреварот.

За Лајпциг тоа е прв трофеј во Суперкупот на Германија. Во 2022 година тимот беше дел од финалето, но загуби од Баерн Минхен со 5-3.

Се вчитува...