Баерн Минхен успеа да извлече реми (2-2) на гостувањето против Лајпциг во 6. коло од Бундеслигата, и покрај тоа што на полувремето имаше негатива од 2-0.
Лајпциг до водство дојде во 20. минута со голот на Опенда, а Лукебе во 26. минута веќе донесе предност и од 2-0 за домашнте.
Сепак, Баерн се врати во игра во вториот дел. Најпрво во 54.минута Хари Кејн од пенал намали на 1-2, а потоа во 70. минута Баерн израмни по одличниот контранапад кој со гол го круниса Лирој Сане.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА