Лајпциг ја најде замената за Гвардиол

Францускиот дефанзивец Кастело Лукеба е новото засилување на РБ Лајпциг. Лукеба игра на позицијата стопер и доаѓа во Лајпциг како замена за Јошко Гвардиол, кој неодамна стана најплатен дефанзивец потпишувајќи за Манчестер Сити.

Лион ја одби првичната понуда од 26 милиони евра од Лајпциг, но преговорите беа успешно завршени. Французинот потпиша петгодишен договор и ќе го носи дресот со број 23.

„Имав голема желба да се приклучам на РБ Лајпциг и да играм во Бундеслигата. Навистина сум среќен што трансферот е завршен. Ми се допаѓа тренинг центарот, стадионот, градот и составот на тимот кој е преполн со млади играчи. Едвај чекам да играм. Не се сомневам дека овој потег ќе биде вистинскиот“, изјави Лукеба.

 

Се вчитува...