Лајпциг се налути, па пукна „петарда“ за едно полуверме

Лајпциг со супериорна игра во второто полувреме го декласираше Штутгарт со 5-1, откако гостите неочекувано имаа предност од 0-1 по првите 45 минути игра.

Домашните фудбалери беа подобар ривал и во првиот дел, но не искористија неколку шанси, а голот на Штутгарт беше подарок од левиот бек Раум, кој им ја додаде топката на „швабите“ на дваесетина метри од сопствениот гол, по што Жираси мајсторски ја смести во мрежата.

Советите на тренерот на Лајпциг на паузата дефинитивно вродија со плод бидејќи домаќините излегоа препородени на теренот, доминираа во наредните 45 минути и стигнаа до заслужена убедлива победа. Дефанзивецот Хенрикс израмни на 1-1, а Дани Олмо со прекрасен гол донесе водство од 2-1. Опенда беше прецизен со глава од непосредна близина за предност од 3-1, а до крајот на мечот прецизни за Лајпциг беа уште и Симонс и Кампл.

Се вчитува...