Лајпциг се откажа, Баерн го продаде Руди во Шалке

Себастијан Руди по една година ќе си замине од Баерн Минхен, а негова следна дестинација ќе биде тимот на Шалке. Германскиот репрезентативец не беше задоволен од минутажата минатата сезона, тоа не се промени ниту со доаѓањето на Нико Ковач за тренер, па фудбалерот побара да му биде дозволено да си замине.

Ковач даде зелено светло, а долго време во преден план беше Лајпциг. Ралф Рангник сакаше да го доведе Руди во својот клуб, но не сакаше да плати повеќе од десет милиони евра за неговиот трансфер. На крајот Лајпциг се повлече од преговорите, а Баерн е Шалке експресно се договорија висината на трансферот да изнесува 15 милиони евра.

Трансферот ќе биде официјализиран во текот на утрешниот ден, откако Руди ќе ги мине лекарските прегледи во Гелзенкирхен.

Се вчитува...