Лајпциг не успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Аугсбург откако доскорешниот тим на нашиот Елиф Елмас одигра здодевни 0-0 против овој ривал.
Ова беше четврто реми на Лајпциг во последните пет бундеслигашки дуели, со што тимот на Марко Росе пропушти можност барем накратко да го прескокне Ајнтрахт на третото место на табелата.
Дуелот донесе здодевен фудбал, без премногу шанси за гол, а домашниот состав беше поконкретен во обидите да стигне до цел плен. Сепак, Лајпциг умешно ги затвори приодите кон сопствениот гол и успеа да ја сочува незатресена мрежата на Гулачи, по што овој дуел заврши со поделба на бодовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА