Лајпциг се збогуваше со титулата во Бундеслигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лајпциг загубија на гостувањето кај Келн со 2-1 во премиерниот натпревар од 30. коло и со тоа се збогуваа од титулата во Бундеслигата. Домаќините поведоа со голот на Хектор во 46. минута. На 1-1 израмни Хајдара во 59. минута, но само минута подоцна Хектор со својот втор гол ги постави конечните 2-1.

Лајпциг во моментов е на втората позиција на првенствената табела со 61 бод, односно седум помалку од лидерот Баерн Минхен и натпревар помалку, што значи дека со само четири натпревари до крајот тешко дека ќе успее да ги предизвика Баварците. Келн е претпоследен со 26 бода, но се израмни со Херта која се наоѓа на местото кое води во плеј-офот за опстанок во елитата.

 

 

Се вчитува...