Џеси Марш ќе биде нов тренер на Лајпциг, официјално потврдија од клубот. Тој во бундеслигашот доаѓа на местото на Јулијан Нагелсман кој во новата сезона ќе го преземе Баерн Минхен.
Марш со клубот потпиша договор со траење до 2023 година, а екипата официјално ќе ја преземе на 1. јули.
„Џеси е дел од фудбалската група Ред Бул повеќе од шест години и до сега заврши неверојатна работа. Голема предност е што веќе има работено во Лајпциг и добро го познава клубот, градот како и филозофијата до која се држиме. Покрај тренерските квалитети, Џеси е познат и по тоа што е амбициозен и што многу лесно ги мотивира играчите. Се радуваме на соработката со него“, изјави извршниот директор на клубот, Оливер Минклаф.
Jesse Marsch will become our new head coach from the 2021/22 season!
He takes over from Julian #Nagelsmann, who is joining #FCBayern.
?⚪ #RBLeipzig pic.twitter.com/KBqCv8hK4T
— RB Leipzig English (@RBLeipzig_EN) April 29, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА