Лаказет ги пакува куферите, Французинот го напушта Арсенал

Напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет, нема намера да ја продолжи кариерата во лондонскиот клуб. Фудбалерот веќе му дал зелено светло на својот агент да избере опции за летниот трансфер период.

Александар Лаказет игра за Арсенал од 2017 година. Во дресот на оваа екипа Французинот одигра 135 натпревари, на кои постигна 51 гол. Со доаѓањето на Микел Артета на тренерската позиција, Александар престана да биде во стартниот состав и да биде важен дел од ростерот. Претходно беше објавено дека интерес за Лаказет има од Атлетико Мадрид и Јувентус.

„Се разбира, моите агенти почнуваат да ја разгледуваат опцијата. Како и да е, оваа тема нема да се покрене барем до јануари, сакам да бидам фокусиран на сопствената игра“, изјави фудбалерот во врска со евентуалниот трансфер.

Се вчитува...