Љамчевски е првото засилување за Шкупи за пролетниот дел од шампионатот

Досегашниот фудбалер на Пелистер, Благоја Љамчевски од понеделник и официјално треба да биде промовиран како прво засилување за екипата на Шкупи за пролетниот дел од шампионатот.

Љамчевски е во завршни преговори со тимот од Чаир со кого е веќе пред официјализација на договорот.

„Имав неколку понуди и од странски клубови за продолжување на кариерата во Албанија и Бугарија, но сепак мора да признам дека веднаш ги одбив понудите затоа што веќе сум пред завршен договор со екипата на Шкупи. Сакам да бидам коректен кон раководните лица на тимот од Чаир. Сигурен сум дека деновиве ќе ги решиме сите детали за идна наша заедничка соработка“ – вели Љамчевски.

Според најавите, на почетокот од следната недела поранешниот левокрилен дефанзивец на Металург и Вардар треба да се приклучи на подготовките на Шкупи.

Се вчитува...