Лампард добива џек-пот: Абрамович со 170 милиони фунти за засилувања

Англискиот премиер-лигаш Челси ќе му обезбеди 170 милиони фунти на менаџерот Френк Лампард доколку на клубот му биде дозволено да доведе нови фудбалери во јануари, пренесуваат британските медиуми.

Поради кршењето на правилата за трансфери и регистрација на помлади фудбалери од 18 години, УЕФА го казни Челси со забрана за купување на нови фудбалери во следните два преодни рока. Поради тоа Лампард во текот на летото не можеше да доведе ниту едно засилување. Иако забраната треба да важи и во зимскиот преоден рок, од клубот од „Стемфорд бриџ“ се надеваат дека судот за спортска арбитража во Лозана ќе ја прифати нивната жалба. Сослушувањето е закажано за 20. ноември, а од него ќе зависат и плановите на Френк Лампард.

На листата со желби на стратегот на Челси се наоѓаат Вилфред Заха од Кристал Палас, Бен Чилвел од Лестер и Муса Дембеле од Лион, но доколку го добие најавениот буџет Лампард ќе може да тргне и по некоја поголема ѕвезда на европскиот фудбал.

Во моментов Челси се наоѓа на четвртата позиција во Премиер-лигата со седум победи на единаесет натпревари.

Се вчитува...