Лампард го посакува Габи-гол на „Стемфорд бриџ“

Челси доби дозвола за трансфери во зимскиот преоден рок и ќе се обиде да го искористи тоа на најдобар можен начин. Еден од приоритетите на менаџерот Франк Лампард е ангажман на нов напаѓач, а очите се вперени во Бразилецот Габриел Барбоса. Популарниот Габи-гол блескаше повторно во Фламенго и е еден од најзаслужните за титулите во Бразил и во Јужна Америка, а во 2019 година постигна фантастични 43 гола. Но, тој е играч на Интер каде не се снајде најдобро и не сака да се врати во Милано.

Токму ова е идејата на Франк Лампард, да му понуди да дојде како позајмен играч во Челси и да се испроба во Премиер – лигата, со опција за комплетно откупување на неговиот договор. Покрај Габи-гол, раководството на Челси се обидува да направи револуција и со ангажманот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. Тој како младинец од академијата на Манчестер Сити замина во Германија каде имаше одлични настапи, а сега би можел да се врати во Премиер – лигата, но во дресот на Челси за сума од 100 милиони фунти.

Се вчитува...