Лампард го впери прстот кон судиите: Никој не добива пенал на „Енфилд Роуд“ (ВИДЕО)

Евертон немаше доволно сили за изненадување против Ливерпул и загуби со 2-0 на средбата на „Енфилд Роуд“ „Карамелите“ добро се бореа во првиот дел во кој домаќините немаа решение за нив, меѓутоа ситуацијата се промени по паузата и домаќините со погодоците Робертсон и Ориги дојдоа до важни бодови за трката за опстанок.

Во таборот на гостите се разочарани од резултатот затоа што сметаат дека се оштетини за пенал во вториот дел по дуелот кој го имаа младиот Гордон и дефанзивецот Матип.

„Имаше пенал во второто полувреме. Ама овде нема да го добиете. Мислам дека ако Мо Салах беше на другата страна на теренот, ќе добиеше пенал. Не се обидувам да создавам конфликт, само мислам дека понекогаш тоа е реалноста на фудбалот. Можеби понекогаш играв во клубови од врвот на лигата со публиката зад мене, а во такви ситуации добивате повеќе отколку што не добивате (пенали). Вториот старт на Ентони, беше чист прекршок. Но, тука не ги добивате“, додаде Лампард.

Во оваа сезона во ПЛ не е досуден ниту еден пенал против Ливерпул на „Енфилд Роуд“.

Се вчитува...