Англискиот премиерлигаш Челси не е многу погоден од кризата што ја предизвика пандемијата на коронавирусот, пренесуваат британските медиуми. „Сините“ од Лондон имаа забрана за трансфери во минатата година и затоа сега се подготвени значително да го засилат тимот.
Прва мета на клубот е доведување на Џејдон Санчо, кој нема проблем да се врати во родната земја, но за негов трансфер голема улога ќе има и Борусија Дортмунд која не сака така лесно да се откаже од неговите услуги и тешко ќе прифати сума помала од 120 милиони евра. Челси е во потрага и по нов голман, а приоритет ќе биде чуварот на мрежата на Ајакс, Андре Онана, за чии услуги е заинтересирана и Барселона.
Од Италија пристигнуваат информации дека Лампард е во преговори со Дрис Мертенс, бидејќи Белгијанецот на крајот од сезоната е слободен агент и може без никаква отштета да го напушти Наполи. Трансферот на Хаким Зијеш од Ајакс е веќе реализиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА