Лампард ќе се ослободува од три ѕвезди само да го донесе Хаверц

Откако го договорија трансферот на Тимо Вернер, во Челси не мируваат сега комплетната енергија насочувајќи ја за ангажман и на Каи Хаверц.

Доколку успеат во тоа тогаш преодниот рок за Челси ќе биде завршен. Освен Хаверц, Лампард го посакува уште само одличниот лев бек на Лестер, Бен Чилвел. Сепак, за се тоа да биде реализирано ќе бидат неопходни околу 160 милиони евра, поради што подготвени се да се ослободат дури од три ѕвезди на клубот.

Лампард е подготвен да ги продаде Батшуаи, Бакајоко како и Емерсон, само за да ги доведе во своите редови Хаверц и Чилвел.

Се вчитува...