Менаџерот на Челси, Френк Лампард вели дека не му било лесно на неговиот тим против Фулам, иако имаше повеќе играчи во второто полувреме. „Сините“ славеа на Крејвен Котиџ во 19. коло од Премиер лигата со 1-0, прекинувајќи ја низата од три меча без триумф и намалувајќи го притисокот врз Лампард.
„Секогаш е добро кога победуваш. Не беше лесно да играме по три натпревари без триумф. Фулам ни ја отежна работата. Ја контролиравме играта, но не е лесно да се игра против десет. Сепак, го задржавме ритамот, нападнавме и на крајот заслужено славевме “, изјави Лампард.
На прашањето на новинарите да појаснат колку е тешко да се игра кога ривалот има помалку играчи, стратегот на Челси даде инетересен и неочекуван одговор.
„Под притисок сте затоа што мора постојано да напаѓате, топката да се движи брзо, да бараш простор и да создадеш шанса. Ние го сторивме тоа, но беше тешко. Немавме премногу самодоверба, сепак, на крајот стигнавме до целта. Играчите се однесуваа добро, верувам во нивниот квалитет целосно “, изјави Френк.
Челси сега е седми на табелата со 29 бода. Во следното коло, на 19. јануари, ќе игра против Лестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА