Лампард нема да ги продава Н’Голо Канте и Жоргињо

Менаџерот на Челси, Франк Лампард, ставил строга забрана за продажба на двајцата стандардни првотимци и фудбалери од средниот ред, Н’Голо Канте и Жоргињо. Тој побарал од раководството на клубот да ги одбие сите понуди во претстојниот преоден рок за фудбалерите кои се носители на играта на тимот.

Челси се надева дека со ангажман на Џејдон Санчо ќе може да се вмеша и во трката за шампионската титула следната сезона, па Лампард не сака да ги растура коцките од мозаикот кои се веќе добро наместени. Единственото значајно заминување од „Стемфорд бриџ“ треба да биде Бразилецот Вилијан, кому му истекува договорот и би можел да се пресели во Ливерпул.

За Н’Голо Канте постои интерес од шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, како и од францускиот првак Пари Сен Жермен, додека Јувентус е клубот кој би сакал да го врати Жоргињо во Италија.

Се вчитува...