Лампард нема дилема – Секогаш има простор за засилувања во Челси

Менаџерот на Челси, Френк Лампард изјави дека планира да го засили тимот во јаунарскиот преоден рок, но дека тоа нема да влијае на развојот на младите фудбалери. На „сините“ неодамна им беше укината забраната за трансфери, што значи дека можат повторно да бидат активни на трансфер пазарот, а судејќи по зборовите на Лампард, нови лица во клубот се неопходни.

„Секогаш сакам да го засилам тимот. Минатото лето го изгубивме Еден Азар, кој беше многу важен за нас. Мислам дека најдовме начин како да бидеме конкурентни. Тоа го покажуваме во Премиер-лигата и Лигата на шампионите. Но, можеме ли да бидеме подобри? Секогаш мислам на тоа“, изјави Лампард. 

Екипата од Лондон избори пласман во нокаут – фазата во Лигата на шампионите, додека во Премиер-лигата се наоѓаат на четвртото место со 29 бода.

Се вчитува...