Лампард носи нов лик на тимот: Челси ја победи Барселона (ВИДЕО)

Челси славеше против Барселона со 2-1 на пријателскиот натпревар кој се одигра во Саитама.

Каталонците настапија со комбиниран состав од стартот, без своите најдобри фудбалери, што беше искористено од Англичаните кои до водство дојдоа со голот на Абрахам во 34. минута.

 

Во второто полувреме, Челси зголеми и на 2-0 со голот на Рос Баркли во 81. минута, а Иван Ракитиќ во 91. минута само го ублажи поразот на Барселона.

 

Се вчитува...