Лампард: Од нас зависи дали ќе го поминеме Реал Мадрид

Челси го очекува тешка задача за изборување на место меѓу најдобрите четири тимови во Лигата на Шампионите со оглед на тоа што „сините“ од Лондон имаат негатива од два гола против Реал Мадрид пред реванш средбата на „Стемфорд Бриџ“.

Тренерот Френк Лампард сепак смета деке се зависи од неговиот тим. Челси ќе ја има поддршката од публиката, но неговите играчи треба да си ја завршат работата на теренот.

„Од нас зависи како тим, треба да одиграме со желба да го свртиме натпреварот. Атмосферата ќе биде одлична, но од нас зависи дали ќе ја направиме жешка, публиката може да ни помогне. Ние треба да го одиграме нашиот дел. Реал Мадрид има одличен тренер кој многу добро го познавам бидејќи работев со него. Тие имаат костур на играчи кои играат на највисоко ниво со години. Зборувам за Модриќ, Крос, Бензема и другите. Тие имаат индивидуален талент и многу добро функционираат заедно“, изјави Лампард.

Се вчитува...