Лампард пред дуелот со Ливерпул: Би потпишал реми без размислување!

Евертон неочекувано се најде во ситуација да се бори за опстанок, а викендов има ултра тешко гостување кај градскиот ривал Ливерпул.

„Црвените“ мора да одат на победа поради битката за шампионската титула и притисокот кој мора да го прават над Манчестер Сити, што значи дека Френк Лампард и неговите избраници ќе мора да одиграат перфектен натпревар за да се вратат непоразени од „Енфилд“.

Лампард смета дека бод од ваков дуел со Ливерпул би бил премија за неговиот Евертон.

„Дали би прифатил бод од дербито? Па што мислите, секако дека би бил задоволен со таков епилог, би потпишал реми без размислување. Ливерпул е екипа која неодамна му даде четири гола на Манчестер Јунајтед, мора да ги почитувате бидејќи се фантастичен тим“, изјавил Лампард.

Натпреварот Ливерпул-Евертон е закажан на програмата утре од 17.30 часот.

Се вчитува...