Лампард ротираше, но Челси го мина Хал

Челси го продолжи походот во ФА Купот на Англија откако лондонскиот клуб славеше со 1-2 на гостувањето против Хал. Френк Лампард се реши на овој натпревар да ги одмори речиси сите стандардни првотимци, но резервните фудбалери се покажаа во добро светло, доминираа на мечот и заслужено се пласираа во осминафиналето.

Резултатот беше отворен по неполни шест минути игра, кога една одбиена топка стигна до Батшуаи, а белгискиот напаѓач знаеше како да ја смести во мрежата на домашниот тим. На 0-2 во второто полувреме зголеми Томори, а Хал почесниот погодок го постигна во 78. минута преку Гросицки.

Утре на програмата во ФА Купот на Англија се дуелите Манчестер Сити – Фулам, Транмере – Манчестер Јунајтед и Шрусбери – Ливерпул, а програмата за четвртата рунда ќе се заокружи со понеделничкиот дуел меѓу Бурнемаут и Арсенал.

Се вчитува...