Лампард: Го сакав Белингем во Челси, но тогаш 20 милиони фунти беа премногу

Џуд Белингем е еден од најдобрите фудбалери во моментов во светот. Играчот кој изминатото лето од Борусија Дортмунд дојде во Реал Мадрид, е вистински „херој“ на кралевите откако имаше одличен старт во дресот на својот нов тим.

Во 14 настапи, 20-годишниот Англичанец постигна 13 гола и има три асистенции, па почна да ги исплаќа дадените 103 милиони евра. Со оглед дека најголемата англиска ѕвезда во моментов се развиваше во Германија, сега ги достигнува „ѕвездите“ во Реал.

Сега неколку клубови од Премиерлигата жалат што не успеаја порано да го доведат во своите редови. Еден од нив е и Челси, откако екс тренерот Френк Лампард призна дека сакал да го донесе играчот од средниот ред уште пред три години.

„Многу сакав да го донесам, но никако не можев да ја наметнам идејата да платиме 20 милиони фунти за некој кој има 17 години“, призна Лампард.

Белингем од Бирмингем стигна во Борусија Дортмунд уште на 16 годишна возраст.

Се вчитува...