Лампард се откажува од Канте, а тој ќе оди кај Конте

Менаџерот на Челси, Франк Лампард, е подготвен да му дозволи на Нголо Канте да си замине од „Стемфорд бриџ“, а Французинот би можел да се пресели во Серија А. За него е заинтересиран неговиот поранешен тренер од Челси, Антонио Конте, кој сега е на кормилото на калчолигашот Интер.

Интер би платил 35 милиони евра за да го доведе Нголо Канте на „Џузепе Меаца“ и да ја исполни желбата на Конте за засилување на средниот ред со дефанзивен играч за врска. Во опција беше и Артуро Видал, но Конте се одлучи за Нголо Канте и за Сандро Тонали од Бреша, со кого раководството исто така преговара за трансфер во „сино-црниот“ дел на Милано.

Се вчитува...