Лампард се тресе – Абрамович го „мерка“ Тухел

Френк Лампард има причина да биде загрижен, Роман Абрамович е незадоволен од игрите и резултатите на Челси, а кога рускиот милијардер е несреќен, тогаш најчесто страдаат тренерите на Челси. Абрамович беше задоволен од работата на Лампард минатата сезона, кога Челси избори влез во ЛШ и покрај забраната за трансфери, давајќи им шанса на неколку млади и талентирани англиски фудбалери кои максимално ја оправдаа довербата.

Сепак, ситуацијата сега е сосема поинаква, Русинот во текот на летово инвестираше над 200 милиони фунти во нови фудбалери, а токму најскапите засилувања Каи Хаверц и Тимо Вернер се најголеми разочарувања. За двајцата беа потрошени 140 милиони фунти, но Германците делуваат загубено во тимот на Лампард, а Челси влезе во резултатска криза. По трите порази во последните четири кола лондонскиот клуб падна на осмото место на табелата, со седум бода заостанување зад лидерот Ливерпул.

„Сините“ вечерва ја пречекуваат Астон Вила, а доколку не успеат да слават, тоа лесно може да биде и последен меч на Лампард на клупата на овој клуб. Роман Абрамович е сериозно заинтересиран да го доведе Томас Тухел, кој е слободен за веднаш да преземе нов клуб откако денеска ги официјално го раскина договорот со ПСЖ. Германецот јасно ставил до знаење дека е подготвен веднаш да се нафати за нов предизвик, како опција се споменуваше и Арсенал, но јасно е дека Челси е тим со далеку поголем потенцијал и финансиска моќ од „топчиите“.

Се вчитува...