Лампард повторно ќе работи во Премиер-лигата?

Френк Лампард би можел да се врати назад во Премиер-лигата нецела година откако доби отказ во Челси, откако поранешниот англиски репрезентативец доби понуда да седне на клупата на Норвич.

„Канаринците“ вчера против Брентфорд ја забележаа првата овосезонска победа, за неколку часа подоцна да му врачат отказ на менаџерот Даниел Фарке. Одлуката за смена била донесена уште пред натпреварот, се со цел новиот стратег да може да ја искористи репрезентативната пауза за да наметне дел од сопствената фудбалска филозофија врз тимот.

Лампард е прва желба на челниците на Норвич, кои веруваат дека поранешниот стратег на Челси би можел да го спаси овој тим од испаѓање. Предизвикот е огромен, младиот стручњак се уште нема одговорено на понудата, но извори блиски до него тврдат дека Лампард се чувствува подготвен за камбек. Дали тоа ќе биде во Норвич или ќе чека понуда од некој друг клуб, останува да се види.

Се вчитува...