Лампард во „војна“ со медиумите во Англија

Стратегот на Челси, Франк Лампард се впушти во вербални расправии со англиските медиуми на темата околу новиот договор за Вилијан, на кого договорот со клубот му завршува на крајот од сезоната.

На Лампард не му се допаднале наслови во дел од медиумите поради што отворено го искажа својот став околу сето тоа…

„Секогаш се зборува само за договорот на Вилијан. А, можеби сега не е вистинско време за тоа. Јас сум менаџер и не сакам да гледам предалеку. Ме разочаруваат одредени медиуми, затоа што не гледаат како напорно работиме но се фокусираат на нешто што не е приоритет во моментов. Не ја знам потребата постојано да се прави драма во медиумите, кога не постои“ – вели Лампард.

Дел од најголемите европски клубови веќе активно се вклучуваат во трка за Вилијан, кој во јуни би можел да го напушти Челси.

Се вчитува...